spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМФ: Проектираниот раст од 4,6% во 2022 година се базира на зголемување...

МФ: Проектираниот раст од 4,6% во 2022 година се базира на зголемување на бруто-инвестициите за 8,5%

Проектираниот раст од 4,6% во 2022 година се базира на зголемување на бруто-инвестициите за 8,5%, на зголемување на капиталните расходи за 27%, на остварената реализација на капитални расходи којашто е подобра споредено со истиот овој период минатата година, како и на веројатноста таа да се подобри до крајот на годината.

 

 

 

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју на емисијата „24 Анализа“, при што истакна дека со веќе воведениот механизам КАПЕФ, со кој се наградуваат буџетските корисници што имаат висок степен на извршување на капиталните расходи, вчера се вратени кај буџетските корисници 201 милион денари кои успеаја да реализираат 70% од капиталните инвестиции.

 

„Веќе имаме план, имаме активности како да се направи тоа. Имавме 81 процент реализација на капиталните расходи минатата година и со механизмот КАПЕФ и оваа година ја подобривме реализацијата на капиталните расходи, којашто досега е 55,8%. Во 2020, 2019 и 2018 година реализацијата беше на ниво под 50% во истиот овој период. Ги прифаќам предизвиците имајќи ја предвид ситуација со којашто сме соочени. Затоа го подготвивме Планот за забрзан економски раст, којшто претставува еден концепт во кој покрај финансиски инструменти, има и цело поглавје во однос на зајакнување на институционалните капацитети“, рече министерот Бесими.

 

Тој додаде дека има и други аспекти преку кои ќе се влијае на подобра реализација на капиталните расходи.

 

„Не велам дека следната година е магична и дека сѐ ќе се реши наеднаш. Но се трасира патеката како да ја подобриме реализацијата и мислам дека овие бројки што ги ставаме на хартија и овој пристап претставуваат поголема одговорност за да ги оствариме. Само ако поставиме повисоки цели имаме шанси да ги реализираме“, порача министерот.

 

 

 

Во интервјуто се осврна и на енергетската криза и на мерките и активностите што ги презема Владата и потенцира дека покрај она што е предвидено оваа година и префрлените средства од 65 милиони евра на ЕСМ за обезбедување ликвидност, рече дека се обезбедени средства и во 2022 година.

 

„Важно е да се ублажи ценовниот шок кај домаќинствата на регулираниот пазар, каде што има и мали и средни претпријатија. Се следи состојбата, реагираме и ќе реагираме за да нема недостиг на енергија, ценовниот ефект да не биде голем. Важно е дека пристапот на Владата е насочен кон решенија што се одржливи“, посочи Бесими.

 

За јавниот долг наведе дека ќе има надолно ревидирање на неговото ниво со дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година што ќе се достави до Собранието. За задолжувањето потенцира дека тоа ќе биде исклучиво за капиталните инвестиции, односно од планираното нето-задолжување од 590 милиони евра, 545 милиони се за капитални расходи, пари што одат директно во економијата, што значат повеќе пари за домашните фирми и повеќе работни места. Најави издавање еврообврзница во момент кога тоа ќе биде најсоодветно, а на домашниот пазар издавање повеќе нови инструменти.

 

„Планираме од наредната година да почне да функционира и платформа на Блумберг којашто ќе се користи за аукции за овие нови инструменти, но и за постојните државни хартии од вредност. Преку оваа платформа ќе може да развиеме наш пазар, а во меѓувреме работиме на развој на финансискиот пазар“, рече министерот за финансии.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Битола: 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

0
Битола денес со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001...