Во населеното место Страчинци, општина Гази Баба отпочна со градежните работи за изградба на примарна фекална канализација. Инвестицијата е вредна 5.173.000 денари и претсавува прва фаза кон реализацијата на целиот предвиден проект. Со градежните работи во оваа фаза ќе бидат опфатени три краци во должина од 710 метри, а ќе се поставуваат цевки со широчина Ф200 мм.
Заедно со жителите на ова населено место, на отпочнувањето на градежните работи присуствуваше градоначалникот Бобан Стефковски, кој во обраќањето пред медиумите рече дека следната 2022 година за општина Гази Баба ќе преставува година на реализација на голем број на проекти, со кој ќе се подобри животот на граѓаните.
Извор: Општина Гази Баба