„Во 2022 година буџетот има подобрена структура. Имаме 615 милиони евра капитални инвестиции кои во вкупните расходи учествуваат со 14 % и намалување на буџетскиот дефицит од 6,5 % колку што е планиран годинава на 4,3 % за следната 2022 година, кој е помал од планираното ниво на капитални инвестиции.
Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на „Економски магазин“ на ТВ Алсат, потенцирајќи дека не само како процент, туку има подобрување и во номинална вредност на капиталните инвестиции кои во 2020 година изнесуваа 262 милиони евра, па со Буџетот за 2021 пораснаа на 391 милион евра, потоа со ребалансот на Буџетот на 485 милиони евра и во 2022 година се на ниво од 615 милиони евра.
Покрај повисокиот износ на капитални инвестиции, министерот потенцира дека е важно што се преземаат и активности за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции.
-Предвидениот инвестициски циклус ќе го придвижува економскиот раст на среден рок, истовремено имаме фискална консолидација, но и институционална реформа во однос на управувањето со проекти на национално ниво и нивната реализација. Ќе има техничка помош за подготовка на проекти и реализација, како и специјални едници во Кабинетот на премиерот за стратешките проекти, во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања за мониторинг и во Министерството за финансии за евалуација, рече мининистерот.
Тој посочи и на резултатите од воведувањето на КАПЕФ механизмот врз реализацијата на капиталите расходи кои од почетокот на годината до сега имаат реализација од 56 %, што е повисока во споредба со претходните години кога реализацијата изнесуваше под 50 % во овој период.
-Минатата година со сите предизвици со кои се соочивме успеавме да реализираме 81% од капиталните инвестиции што е повисоко од претходните години, а можеме да кажеме и во споредба со најдобрите години во последните две декади. Затоа во овој период, не случајно го воспоставивме и Планот за забрзан економски раст, кој предвидува нови инструменти за поддршка на проектираниот раст во 2022 од 4,6% и понтаму во следните години инвестицискиот циклус ќе го придвижува економскиот раст, потенцира министерот за финансии Фатмир Бесими.
Извор: Министерство за финансии