Во септември 2021 година, просечната нето-плата изнесува 28.869 денари, што е за 5,3 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, кога изнесувала 27.405 денари.
Согласно Државниот-завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (13.2 %), Рударство и вадење на камен (12.8 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4.4 %), Информации и комуникации (2.5 %) и Преработувачка индустрија (2.2 %).
Економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата даваат резултат. Доколку последниот податок го споредиме со септември 2017 година кога просечната плата била 23 229 денари, разликата е 5. 640 денари.
Според трендот и реалните очекувања истата ја донесеме до ниво од 34.000 денари до средината на 2024 година.
Извор: Влада