spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Назначени В.Д директори на општинските Јавни претпријатија

Охрид: Назначени В.Д директори на општинските Јавни претпријатија

Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, назначени се нови В.Д. директори на општинските Јавни претпријатија.

Во јавното претријатие „Охридски комуналец“ назначен за в.д. директор е Саше Најдески.  Магистер е по право од областа на деловното право. Дипломските и постдипломските студии ги завршува на правниот факултет „Јустинијан Први“. Претходно има работено во Основен суд 2 во Скопје и во адвокатска канцеларија, а сега е вработен во Основен Суд Охрид.

Во Јавното претријатие „Нискоградба“ назначен за в.д. директор е Александар Трпеноски. Тој има дипломирано на информатички технологии на Техничкиот факултет во Битола, а работи во Министерство за информатичко општество и администрација.

Сашо Сотироски е новиот  в.д. директор на ЈП „Водовод“. Има завршено на Технички факултет во Битола, сообраќаен смер. Од 1998 година работи во јавното претпријатие „Водовод“ каде извршува повеќе функции.

Теодор Андоноски е в.д. директор во ЈП „Билјанини извори“. Андоноски е дипломиран политиколог, а вработен е во јавното препријатие „Билјанини извори“.

Во Јавното претпријатие „Градски Гробишта“ за вршител на должноста директор е назначен Мите Здравески. Има дипломирано на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и се стекнал со диплома дипломиран правник. Има 25 години работно искуство во јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ , „Погребално“ и „Градски Гробишта.

Александар Попоски ќе ја извршува функцијата в.д. директор на ЈП „Градски Пазар“.  Има дипломирано на Техничкиот факултет во Битола на сообраќаен смер. Во два мандати е советник во Советот на општина Охрид, а од 2009 година работи во ЈП „Охридски комуналец“.

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...