spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПратениците ќе побараат резолуцијата за ковид-вакцинацијата да биде на дневен ред наредна...

Пратениците ќе побараат резолуцијата за ковид-вакцинацијата да биде на дневен ред наредна седница

Како политичка партија која сериозно го сфаќа прашањето на јавното здравство и пандемијата предизвикана од коронавирусот, која на бројни наши сограѓани им го одзеде животот, сметаме дека е исклучително важно во оваа криза да се постапува внимателно и, пред сè, хумано.

Земајќи ги во предвид новонастанатите околности во кои Владата целосно го има изгубено кредибилитетот и е ставена под заложништво на „зелениот“ коалиционен партнер ДУИ, Левица е повикана да делува не само во насока на опозициона критика на власта, туку и како коректор на истата.

Како партија чии што двајца пратеници избраа да се вакцинираат, Левица посочува дека вакцинацијата против коронавирусот е безбедна и ги намалува шансите за тешка клиничка слика, хоспитализација и смрт, па поаѓајќи од таму, ние ги повикуваме сите оние кои го немаат прележано вирусот, да се вакцинираат. Не поради рестриктивните мерки, туку поради заштита на сопственото здравје.

Од друга страна, во однос на најавените мерки од страна на Комисијата за заразни болести, Левица не може да остане нема на низата нелогичности, противречности и празни обвинувања насочени кон народот. Во таа насока, ја приложуваме следнава аргументација за утврдување на вината и на тоа кој треба да биде казнет, уредена во неколку точки:

1. Вината за ниската заинтересираност за вакцинација против коронавирусот лежи единствено во Владата, а не во народот. Неморално е народот да биде казнет за грешките на една Влада, која во претходните 20 месеци најде за сходно да организира парламентарни и локални избори, организираше попис во кој испрати попишувач до сечиј дом, а во ниту еден момент не се заинтересира да разговара со граѓаните и да ги информира за предностите на вакцините и нивната безбедност.

2. Вината за високата смртност и големиот број на хоспитализирани случаи повторно лежи единствено во Владата, а не во невакцинираните. Тргнувајќи од аерозагадувањето, кое како нација нè прави посклони на болести, преку лошото управување со самата криза, пред и за време на вакцините, до доцната набавка на вакцини проследена со бројни скандали, вперувањето на прстот во невакцинираните делува на обид да се апсолвира власта од сопствената вина.

3. Незаинтересираноста и послушноста на нашата Влада, која робува на империјалните интереси надвор, и бизнис интересите во државата, ја влоши до таму ситуацијата, да денес единствениот спас го гледаме во што помасовна вакцинација. Одбивајќи да ја согледа засебноста на околностите на секоја една држава, Владата безидејно спроведуваше мерки од европски држави, кои самите не се справија добро со кризата, туку се потпреа на своите поразвиени здравствени системи. Притоа, како примери во ниту еден случај не беа земени НР Кина, Австралија и Нов Зеланд, кои со таргетирани карантини спасија безброј животи.

4. Вината за ниската доверба во здравствениот систем повторно лежи единствено во Владата и во министерот Венко Филипче, чие име и пред пандемијата се поврзуваше со низа скандали поврзани со вакцини, а денес е и познат како човекот што не превзема одговорност за 14 смртни случаи во изгорената модуларна болница во Тетово. Додека Венко Филипче е на чело на Министерството за здравство, довербата во здравствениот систем само ќе тоне.

По согледувањето дека вината лежи единствено во Владата, а не во народот и не во невакцинираното население, ја приложуваме следната аргументација за противречноста на мерките сами по себе, во неколку точки:

1. Условот да се приложува ПЦР тест на свој трошок на секои 72 часа воведува класна дискриминација, со тоа што на посиромашните, кои работат за минималец или за 300 евра плата, комплетно им ја одзема слободата да изберат да не бидат вакцинирани, додека на оние кои земаат повисоки плати слободата да изберат да не бидат вакцинирани не им е одземена.

2. Статистиката покажува, а и експертите се сложуваат, дека прележаните од коронавирусот имаат повисока заштита и од лицата со примена трета доза вакцина. Барањето овие лица да се вакцинираат после 45 ден од прележувањето е несовесно и непланско трошење на вакцините.

3. Различниот третман за вакцинираните т.е. дозволата со сертификат за вакцинација да можеш да се однесуваш речиси исто како пред пандемијата, сериозно го загрозува животот на постарите и на лицата кои патат од хронични болести. Јасно е дека вакцината ги намалува шансите вакцинираниот да заврши со тешка слика, но до кој степен и дали доволно ги намалува шансите да вакцинираниот го пренесе вирусот на друг е уште непознато. Со тоа станува јасно дека претходните мерки, иако го зголемија интересот за вакцинација, допринесоа и до посериозно ширење на пандемијата.

4. Мерки, кои само формално се носат, а во пракса не се спроведуваат, уште повеќе ја влошуваат ситуацијата со пандемијата во Македонија. Сведочејќи го високиот процент на употреба на лажни сертификати, повторни ни станува јасно дека претходните мерки, кои иако го зголемија интересот за вакцинација, допринесоа и до посериозно ширење на пандемијата.

Бараме од Владата да ги повлече досегашните рестриктивни мерки и да не ги изгласа најавените мерки од Комисијата за заразни болести, туку по терк на спроведување на пописот, да спроведе масовна едукација и кампања за информирање и подигање на свеста на народот за вакцинацијата. Истовремено, бараме од Владата да ја прифати оставката на Венко Филипче, како соодветна казна за некомпетентното управување со кризата од негова страна.

Дополнително, нашите пратеници наредна недела ќе побараат, итно и неодложно, да биде ставена точка на дневен ред предлог – Резолуцијата за правните и моралните аспекти на ковид-вакцинацијата, поднесена од Левица во септември, а која претседателот Талат Џафери самоволно ја чува во фиока.

 

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...