Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во рамките на редовните активности за увид и интензивирање на тековните изведбени работи во Општината, направи увид на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Мрзенци. Имено, на оваа улица од влезот до центарот на Мрзенци, во завршна фаза е целосната реконструкција. По извршената санација, проширување и поставување на рабници, се асфалтира оваа главна сообраќајница во Мрзенци, долга 840 метри.
Реализацијата на проектот чинеше 10 милиони денари, кои средства се обезбедени од грантот на Светска банка преку Министерството за транспорт и врски. Изведувач на работите, по изборот на најповолната понуда, беше фирмата „Жикол“.
Извор: Општина Гевгелија