spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Асфалтирање на патот за селото Трново

Битола: Асфалтирање на патот за селото Трново

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претставници од одделението за комунални дејности и одржување на градежно земјиште, го посети селото Трново, каде во тек е асфалтирањето на локалниот пат. Според проектната документација, патот се реконструира во должина од 2009 метри, а деновиве предвидено е да се асфалтираат останатите 1700 метри.

Локалното население изрази благодарност кон градоначалникот Коњановски, затоа што само неколку дена после неговата посета на градежните активности и даденото ветување за интензивирање на динамиката, проектот влегува во завршна фаза.

Со цел инфраструктурно уредување на овој дел од потпелистерието, жителите побараа од градоначалникот доуредување и на просторот пред Црквата Света Богородица. Во врска со ова прашање, од страна на локалната самоуправа ќе биде разгледана можноста за интервенирање и во тој дел, затоа што добрата патна инфраструктура е основен фактор за понатамошни вложувања во развојот на туризмот.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...