Вчера во општинското основно училиште „Дане Крапчев“, како дел од проектот Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран” кој е финансиран од Европската унија и проектот “И јас имам глас, финансиран од Save the children International преку Шведската Агенција за меѓународен развој, беше отворена сензорна соба.
Во оваа сензорна соба се вклучени елементи за сензорна стимулација на учениците, алатки за когнитивен развој, опрема за подобрување на крупна и фина моторика, меко катче, катче за осамување и слично.
Најголема придобивка ќе имаат учениците со попреченост, учениците од аутистичниот спектар, како и сите ученици кои во одреден момент имаат потешкотии во учењето. На отворањето присуствуваше градоначалникот Бобан Стефковски, кој рече дека и во иднина ќе ги поддржува активностите од ваков вид, со цел подобрување на воспитно образовниот процес и обезбедување на услови на сите ученици со попреченост да имаат можност за правилен развој.
Извор: Општина Гази Баба