Во рамките на проект ,,Македонија без кал”-, интензивно се работи на терен за подобрување на патната инфраструктура во беровско Двориште, каде што во тек е рализација на проект ,,Реконструкција на улици во с. Двориште” од влезот во селото, до Чурилското маало.
На терен градондачалникот Пекевски изврши увид , во градежните работи, каде што во тек е асфалтирање на улиците и подобрување на патната инфраструктура.
Проектите за развој на модерна инфраструктура во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци, се рализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со примарен фокус на регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини.
Во рамките на проектот, се врши реконструкција на локален пат до селото Двориште со должина од 3300 метри, со вкупна вредност , од околу 400 илјади евра и очекуваме работите да бидат завршени во текот на оваа календарска година.
Реконструкцијата на овој пат е по барање на жителите на с. Двориште и на општината, и очекуваме дека со негова санација ќе се обезбди поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места и значително ќе се подобри квалитетот на живот на жителите на ова село.
На мое големо задоволство, изминатиот период, с, Двориште е во градежна експанзија, каде што покрај асфалтирањето на улиците, изграден е и цевковод за вода за пиење, исто така преку Министерството за транспорт и врски и можам да кажам дека согледувајќи ги околностите и споредувајќи го природниот прираст на населението, ги утврдивме овие две работи како приоритет за Двориште. Согласно буџетските можности и во иднина продолжуваме да работиме за подобрување на животот на граѓаните, истакна Пекевски.
Голема благодарност до Министерството за транспорт и врски, што ни овозможува реализација на вака голема инвестиција,со која се решава горлив комунален проблем на жителите од село Двориште кој единствено е можно да се реализира преку вака големи проекти, како што е проектот ,,Македонија без кал”- додаде Пекевски.
Извор: Општина Берово