spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Соработката со УНДП продолжува, особено во деклот на заштита на водните...

МЖСПП: Соработката со УНДП продолжува, особено во деклот на заштита на водните текови

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа работна средба со  новоназначениот постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации Армен Грегоријан.

Откако министерот Нуредини му посака добре дојде и му честиташе за назначувањето, тие разговараа за досегашната добра сароботка, како и идните заеднички активности. Г-динот Грегоријан ги презентираше таргетите на УНДП во наредниот период, пред се во делот на заштита на водите.

Во тој правец, се дискутираше за регионалниот проект за сливот на реката Црн Дрим со посебен акцент на активностите за реставрација на старото корито на р. Сатеска.  Во тој правец разменети се информации за статусот на проектот за кој Техничката документација со урбанистичкиот план за инфраструктурен проект ќе биде завршена до крајот на годинава, а обезбедувањето на градежана дозвола и почеток на работите на терен до крајот на првото тромесечје наредната година.

Се зборуваше и за степенот на реализација на проектот „Подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион“ со посебен осврт на реализација на активностите на коритото на река Боговињска.

За овој проект, министерот Нуредини изрази голема загриженост во однос на реализација на работите, а заеднички беше заклучокот дека е потребно будно следење на активностите на терен заради контрола на квалитетот на изведбените работи, како и понатамошна максимална вклученост на претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање во постапките за проценка на тендерската постапка.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...