Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Косово, Приндон Садриу и заменик амбасадорот Влорат Гаши.
Дипломатските претставници и градоначалникот, изразија верување дека во идниот период, воспоставената комуникација треба да се интензивира, во функција на взаемна соработка и поддршка во повеќе области, пред се на културен и економски план.
Извор: Општина Битола