Вчера градоначалникот Борче Јовчески свечено и го врачи решението на Ирена Стерјоска Локвенец со кое е назначена за заменик градоначалничка на Општина Прилеп во случаи на спреченост или отсуство, во согласност со постапката утврдена со статутот.
Во текот на вчерашниот ден, назначени се и четворица нови директори на ООУ “Гоце Делчев” е Снежана Котева, со ООУ “Добре Јованоски” ќе раководи Панде Николоска, нов директор на ООУ “Рампо Левката” е Жарко Бабаноски, а со ООУ “Круме Волнароски” во населеното место во Тополчани е назначен Дејан Бунтески.
Избор: Општина Прилеп