Креирана е општествено одговорна апликација – „Селектирај отпад“ и во фаза на реализација е проект за собирање на селектиран отпад од домаќинствата.
„Селектирај отпад“ е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на собирање на отпад, а воедно и нуди можност за личен паричен бенефит за граѓаните од своето учество.
Креатор на проектот е нашиот сограѓинин Марио Томов, кој за „Селектирај отпад“ има добиено поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.
Сите оние кои сакаат да направат позитивен импакт врз животната средина и да придонесат во унапредување на третирањето на отпадот во сопствената заедница, ги повикуваме да се вклучат во селектирање на хартија, пластика и лименки.
Секој граѓанин може да се вклучи во оваа иницијатива, во неколку чекори:
? Подигнува специјални ќеси за отпад од ЈП „Комунален сервис“ – Валандово (сина за хартија, а жолта за пластика и лименки),
? Правилно ги полните ќесите со селектиран отпад,
? Го скенирате QR кодот кога ќесата ќе биде полна и
? Закажете термин преку апликацијата за да ги предадете ќесите на собирачот кој доаѓа директно пред вашиот дом.
? Апликацијата можете да ја симнете од PlayStore и AppStore, а сите информации и новости можете да ги дознавате преку facebook страната Selektiraj Otpad.
Целта на овој проект е да креира нови навики, да ги мотивира граѓаните на селектирање отпад и да го унапреди квалитетот на животната средина во заедницата.
Извор: Општина Валандово