spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок“ во рамки на Економскиот...

СЕП: „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок“ во рамки на Економскиот форум Делфи

Во Атина, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров го започна своето учество на 6-от Економски форум Делфи со панел на тема „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок“.

На сесијата на која покрај Димитров учествуваа и кипарскиот МНР Никос Христодулидес и грчкиот заменик МНР за ЕУ, Милтиадис Варвициотис, се дискутираше за главните предизвици на „малите држави“ во Европа во контекст на сложениот меѓународен поредок за остварување на националните цели и интереси, како и главните поуки од КОВИД-19 пандемијата за ефективно делување во комплексноста на меѓународните односи.

Вицепремиерот Димитров во контекст на тоа што претставуваат малите држави истакна: „За нас, Грција ни оддалеку не е мала држава, туку голема, така што тоа е многу релативно. И, не станува збор само за големината; важен е и економскиот потенцијал, БДП… мислам дека и воените ресурси се значајни, мрежата на пријателства на една земја, исто така, многу значи: колку повеќе пријатели имате, толку помоќни и повлијателни станувате. Затоа, сметам дека би било голема грешка целосно да се потценат малите држави во меѓународните односи.“

Димитров потенцираше дека Северна Македонија извлече голем број поуки во текот на триесетте години од независноста. Успеавме да се приклучиме кон НАТО, со поддршката од нашите соседи во Атина.

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте