spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Аеродром: Средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска во својата канцеларија го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри. Тие разговараа за продлабочување на соработката меѓу Општина Аеродром и Италија, како еден од најголемите пријатели на нашата држава.

„Денеска остварив средба со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри. Тој ми го пренесе италијанското искуство во водењето на локалната самоуправа и општините, со што добив важни препораки за успешно управување на општината. Италија како една од водечките членки на Европската Унија е значаен партнер на нашата држава и затоа билатералните односи и понатаму активно ќе ги надградуваме, а особено соработката во делот на образованието и културата“, рече градоначалникот Муцунски.

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

 

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...