spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица – ЛО Делчево: Предлог-мерки за социјална заштита за 2022 година со...

Левица – ЛО Делчево: Предлог-мерки за социјална заштита за 2022 година со цел ублажување на негативните ефекти од лошите политики

Вчера до архивата на Општина Делчево беше поднесен Предлог за предвидување на средства во основниот Буџет на Општина Делчево во делот на социјалната заштита на граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик и Предлог мерки за во Програмата за социјална заштита за 2022 година.

Предложивме да се издвојат финансиски средства за помош во: лекови, надомест за превоз заради лекување надвор од градот, во социјален пакет за новородено дете во семејство кое се наоѓа во социјален ризик, доделување на еднократна парична помош за лекување во земјата или во странство, помош за лекување на тешко болни лица, помош во пакети со училишен прибор за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и други мерки со кои би се подобрила и стабилизирала ситуацијата на овие граѓани.

Меѓу предложените мерки и активности е и отпишувањето на долговите кај ЈКП “Брегалница”, заклучно со 31.12.2021 година, на домаќинствата кои спаѓаат во категоријата на социјално загрозени и субвенционирање на трошоците за комунални услуги на овие домаќинства од 01.01.2022-31.12.2022.

Со оглед на нискиот паричен додаток предвиден во Закон за социјална заштита заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за месеците од октомври до март и зголемената цена на огревното дрво, електричната енергија, основните прехранбени продукти, неопходно е донесување на Програма за заштита од енергетска сиромаштија.

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...