spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Мора да се работи на заштита на Охридското Езеро

МЖСПП: Мора да се работи на заштита на Охридското Езеро

Министерот Нуредини оствари прва работна средба со новоименуваниот градоначалник на Охрид Кирил Пецаков, на која разговараа за тековните и планираните активности во оваа општина.

Министерот Нуредини ја нагласи потребата од соработка помеѓу локалната и централната власт за реализација на клучните инфраструктурни проекти во овој регион, за што градоначалникот изрази подготвеност. Се потенцираше важноста на функционирањето на колекторскиот систем за собирање на отпадните води, инвестирање во канализациската мрежа, воспоставувањето на самодржливиот регионален систем за управување со отпад и замената на нееколошките начини на загревање на јавните објекти.

Предизвикот за општина Охрид е и во заштитата на непроценливото природно наследство на Охридското Езеро во рамнотежа со социоекономскиот развој, пред се одржливиот туризам. Во таа насока, се разговараше и напредокот во постапката на прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје и ревалоризацијата и Планот за управување со Охридското Езеро, а во врска и со препораките од Комитетот на УНЕСКО.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на руралната...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена...