spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВлада„И Северна Македонија и Франција водат битка за исти вредности - европските“

„И Северна Македонија и Франција водат битка за исти вредности – европските“

Непосредно по пристигнувањето на делегацијата од француското Министерство за Европа и за надворешни работи, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров завчера во вечерните часови оствари средба со Фредерик Мондолони, директор на Директоратот за континентална Европа и Никола Фај, шеф за Западен Балкан.

Посетата се одвива во контекст на подготовките за француското претседавање со Советот на ЕУ при што централна тема беа приоритетите на ЕУ агендата, билатералните односи и француската поддршка за пробив во европското досие на Северна Македонија.

Вицепремиерот Димитров се осврна на реформскиот процес за пренесување на европските вредности чии што достигнувања беа нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2021 година и нагласи дека застојот во процесот сериозно го нарушува кредибилитетот на Унијата во целиот регион.

Француските претставници истакнаа дека Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапни преговори и го поздравија исклучителното ниво на подготвеност на земјата поради што неодложно мора да се усвои преговарачката рамка и да се закаже првата меѓувладина конференција.
Тие потенцираа дека Северна Македонија е кредибилен партнер на Франција и на ЕУ кога станува збор за европеизацијата на регионот и заедничкото справување со глобалните предизвици.
Соговорниците се осврнаа и на билатералната соработка и разговараа за конкретни проекти во повеќе области, преку кои ќе се обезбеди конкретна поддршка на реформските процеси, но повидливо француско присуство и зближување на народите од двете земји.

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...