spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНационалниот совет за евроинтеграции со еден глас: „Крајно време е ЕУ да...

Националниот совет за евроинтеграции со еден глас: „Крајно време е ЕУ да ги започне пристапните преговори за членство“

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции (НСЕИ) при Собранието, вчера учествуваше на седницата на којашто во конструктивна атмосфера беа дискутирани наодите и препораките од Извештајот на Европската комисија за земјата во 2021 година.

Вицепремиерот Димитров истакна дека европските интеграции се процес што го обединува македонското општество:
Димитров: „Една од ретките работи за кои што сите се согласуваме е токму европската интеграција и во овој процес гледам шанса за заедничка работа и обедување, особено тогаш кога ќе се отворат пристапните преговори ќе има шанса и позицијата и опозицијата да се мобилизираат во смисла на заедничко туркање, како што тоа го направија многу земји пред нас.“

 

Транскрипт од излагањето на ЗПВ Димитров

Во таа смисла, тој дополни дека како што произлегува и од наодите на Европската комисија, Северна Македонија е целосно подготвена за почеток на пристапни преговори и секое понатамошно одлагање дополнително го загрозува кредибилитетот на Европската Унија во целиот регион.

Димитров: „Комисијата самата посочува дека Северна Македонија, мора веднаш да ги почне пристапните преговори бидејќи тоа е гео-стратешки приоритет и интерес на Унијата и дека секое понатамошно одлагање само дополнително го загрозува кредибилитетот на Европската Унија, и кај нас и во целиот регион. Со други зборови, граѓаните сé помалку им веруваат на декларациите и ветувањата на Европската Унија. Придвижувањето на процесот ќе биде потврда и дека пристапниот процес е процес кој подразбира проширување врз основа на критериумите за членство при што напредокот на секоја земја се мери според сопствените заслуги, а не со условувања и барања кои не се во линија, а често се спротивни на европските вредности – ако ЕУ е истовремено и заедница на вредности, а не само еден џиновски пазар.“

Димитров ги претстави наодите и препораките од Извештајот од содржински аспект и од аспект на степен на подготвеност и напредок согласно методологијата на Комисијата, но и со компаративен преглед на состојбата во регионот, при што посочи дека Северна Македонија во првиот кластер „Темели“ е подобро подготвена од Црна Гора и Србија кои веќе се во фаза на преговори.

Димитров: „Од аспект на напредокот, имаме благо намалување на динамиката и средната оцена за истиот период изнесува 2,83, очигледно е дека ни треба еден поттик, ни треба почеток на пристапниот процес, што ќе влијае и на мотивацијата на службите, мотивацијата на државните службеници, и воопшто – ќе има потенцијал да ја смени комплетната политичка атмосфера во државава. Меѓутоа, дури и овој Извештај покажува дека пристапниот процес не е магично стапче и нема да ни ги смени работите преку ноќ. Тоа што тоа се одложува, прави еден впечаток дека штом тоа се случи работите ќе се сменат преку ноќ, но тоа не е така. Работата дома апсолутно зависи само од нас. Контекстот е битен, перспективата е битна, ентузијазмот е битен меѓутоа оваа работа, организацијата на македонското општество дефинитивно зависи од нашето општество. И барем за оваа работа мислам дека имаме апсолутен консензус и од малите до големите политички чинители.“

Коментарите на вицепремиерот Димитров наидоа на прифаќање од останатите членови на НСЕИ кои што едногласно порачаа дека крајно време е ЕУ да ги започне пристапните преговори за членство. На седницата присуствуваа и заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ – Џулијан Васало, и амбасадорот на Словенија – Милан Предан, како претставник на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...