Талентирани ученици од делчевските училишта заедно со штитеници од Дневниот центар ќе ги учат тајните на сликарството во рамките на Ликовната работилница која се реализира од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ . Ликовната работилница е дел од програмата на„Деновите на хуманоста“ посветена на 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост, а во организација на Општина Делчево и локалните институции.
Во работилницата активно се вклучени 16 ученици и 3 лица од Дневниот ценатр за лица со посебни потреби, а стручни соработници се Александар Белогаски и Благица Стојановска.
Примарната цел на активноста е интеграција и дружење на учесниците, но и создавање ликовни творби со посебен акцент на техниките на сликарството. Творбите од работилницата ќе бидат изложени по завршување на работилницата.
Извор: Општина Делчево