spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Реконструкција на фекални канализации на неколку улици

Велес: Реконструкција на фекални канализации на неколку улици

Се изведуваат градежни активности за реконструкција на фекална канализација на улиците „Страшо Пинџур“, „Никола Оровчанов“ и „Илинденска“ во должина од 400 метри. Реконструкцијата на фекланата канализација е во вредност од 5.797.950 денари и е дел од прокетот финансиран од Министертсвото за транспорт и врски за реконструкција на водоводни и канализациони линии на територија на Општина Велес. Изведувач на градежните работи е фирмата „Делта Пром Инг“.

Градоначалникот Марко Колев и в.д. директорот на ЈКП „Дервен“ Горан Наунчев  ги посетија локациите на кои се изведуваат градежните активности. Истовремено направија увид и на реконструкцијата на фекалната канализација на улицата „Јовче Чучук“ и дел од улицата „Орце Шутев“ во должина од 350 метри. Реконструкцијата е со вредност од 5.302.000 денари, обезбедени преку проектот финансиран од Министерствот за транспорт и врски. Изведувач на градежните работи е фирмата „Делта Пром Инг“.

 

 

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...