Мобилната апликација MyIute која овозможува пристап до вашите финансии и кредити 24/7 денес забележа 30.000 преземања на Google Play и App Store и со тоа останува на врвот на најкористени бесплатни апликации за финансии во Македонија.
Со само неколку кликови од својот мобилен телефон, MyIute на корисниците им нуди можност да аплицираат за кредит и да го следат неговиот статус 24/7, да добиваат одлични персонализирани понуди и да ги плаќаат ратите од каде и да се.
Покрај тоа, за секој потпишан договор за кредит преку мобилната апликација MyIute, корисниците добиваат -10% попуст на провизии, а воедно и можност за бесплатно одложување на една рата и бесплатна потврда за затворен кредит.
За крај, преку иновативната купи сега, плати подоцна услуга наречена IutePay, корисниците на апликацијата имаат можност да уживаат во најповолниот начин за плаќање на рати со 0% трошоци кај конкретни партнери на ИутеКредит.
ИутеКредит ја лансираше мобилната апликација MyIute во април 2021 година и истата е достапна на Google Play и App Store.
Извор: ИутеКредит