На 04.12.2021 на ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Џ.Х.(24) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во зграда на правно лице.
Украдените предмети му биле одземени и вратени на правното лице. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.