На 06.12.2021 на ул.„Климент Охридски” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Битола го лишиле од слобода Д.Д.(33) од Битола.
При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја и пари во различни апоени.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.