Христијан Мицкоски продолжува по стапките на неговиот ментор Никола Груевски, тие двајца одлучноста да се европеизира земјата преку почетокот на преговорите и пријателството со соседите секогаш ја претставувале уништување на државата.
Европскиот пат ја носи земјата напред, само за Мицкоски тоа било уништување.
Лицемерниот Мицкоски пред неполн месец кога Алтернатива ја повикуваше во коалиција, тоа го претставуваше како коалиција за спас на државата, а денеска кога му е јасно дека останува во опозиција, за Алтернатива вели дека е партија која ќе ја уништела државата.
Ова е лицемерно, неодговорно, несериозно и нечесно однесување на Мицкоски, ова е неговото вистинско лице.
Со таков однос Мицкоски уште долго ќе биде опозиција, затоа што секому му е јасно дека тој едно мисли, друго зборува, а сосем трето прави.
Извор: СДСМ