spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКонтинуитет на германските позиции, македонското европско досие приоритет во контекст на европската...

Континуитет на германските позиции, македонското европско досие приоритет во контекст на европската перспектива на регионот

Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров беше прв странски гостин на новата државна министерка на Сојузна Република Германија надлежна за Европа – Ана Лирман.

Вицепремиерот Димитров детално ги претстави достигнувањата и предизвиците на Северна Македонија на патот кон Европската Унија, како приказна на доследност и надеж за европската перспектива на регионот.

 

Димитров: „Северна Македонија и регионот се дел од Европа и иако сé уште не сме дел од ЕУ, борбата за обединета, прогресивна Европа е наша заедничка борба. Германија е земја во којашто гледаме еден столб на Европа како сила што влече кон добро и исклучително важен партнер, и политички и економски.

Македонското општество е подготвено за реформскиот процес за да ја доведеме дома истата Европа којашто вие ја живеете, тоа е задача на нашата генерација. Почетокот на пристапните преговори ќе ја насочи енергијата кон иднината и ќе нé направи победници во справувањето со современите предизвици како што се климатските промени и надминувањето на економскиот јаз преку продлабочена соработка, наместо кон минатото кое влече назад и во кое сите сме губитници. Нашиот случај е критично важен за позицијата на ЕУ во регионот во услови кога европскиот сон е разнишан, и многу важно за исполнување на целите на новата германска влада, меѓу кои е и Западниот Балкан.“

Државната министерка Лирман посочи дека Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори, поради што нејзиното дејствување ќе биде решително насочено кон остварување на оваа заедничка стратешка цел.

Средбата беше остварена на вториот ден од стапувањето на министерската функција во новата германска влада предводена од канцеларот Олаф Шолц, во знак на континутет на германските позиции во нивното делување за Европа базирана на вредности и принципи и фокусот на македонското европско досие како клучен приоритет.

Со оваа активност беше заокружена плодната работна посета на Берлин во деновите на клучни случувања за иднината на Германија и Европа.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...