spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Со здружението Еко Логик - Меморандум за соработка во областа на...

Илинден: Со здружението Еко Логик – Меморандум за соработка во областа на образованието

Општина Илинден и Здружението за заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот на одржлив развој – Еко Логик, потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со цел имплементирање на проектот „Вело Училишта” наменет за учениците од основните училишта на територија на општина Илинден.

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Еко Логик, Никола Нешкоски.

Преку овој проект ќе се овозможи зголемување и унапредување во знаењето на децата, родителите, наставниците и пошироката јавност за темите од областа на велосипедизам, одржлив транспорт, аерозагадување, безбедност во сообраќајот и климатски промени.

Еко Логик како имплементатор на програмата „Вело Училишта” која ќе се реализира во сите основни училишта на територија на општина Илинден, преку планирани активности ќе овозможи воведување на нови и креативни начини на учење, поврзани со темата, велосипедизам, животната средина и климатски промени.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...