spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Активностите продолжуваат- Шара ќе го добие третманот што го заслужува

МЖСПП: Активностите продолжуваат- Шара ќе го добие третманот што го заслужува

Со настанот„ШАРСКА БЕЛИНА, ШАРСКА УБАВИНА“ што вчера се организираше во ски-центарот Попова Шапка, за првпат се отвoри скијачката сезона во рамки на новиот, четврти во државата, национален парк – Шар Планина.

– Денеска практично промовираме и презентираме како е возможно да се обезбеди одржлив економски развој, а при тоа да се зачуваат природните вредности – истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, наведувајќи дека со добро осмислени решенија базирани на природата, екосистемските услуги, традиционалното сточарење и органското земјоделство, но и со развој на еко туризмотот можеме да ја заштитиме автентичната природа, националното богатство на биодиверзитет, чистата и здрава средина, но и да обезбедиме социо-економски развој на подрачјето.

На настанот се промовираше и Предлог Палнот за управување со националниот парк Шар Планина кој се изработува од IUCN, со поддршка на UNEP, а за кој допрва ќе се спроведе консултација со јавноста и ќе се одржат јавните расправи.

Пораката упатена од Попова Шапка е дека активностите продолжуваат и во континуитет се спроведуваат за да оваа природна вредност го добие третманот што го заслужува.

На настанот обраќања имаа и директорот на Елем Турс, Адем Авзиу, директорот на НП Шар Планина,  Ибрахим Дехари и претставник од експертскиот тим кој го изготви Нацрт-планот за управување со НП Шар Планина.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...