spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Царовска го посети ФЕИТ кој доби поддршка од МОН за развој...

МОН: Царовска го посети ФЕИТ кој доби поддршка од МОН за развој на двете научни лаборатории во состав на факултетот

-Убаво е кога наместо разни изговори дека не постојат можности или дека нема услови за вложување во развој на сопствените капацитети, во подигнување на квалитетот на наставно научниот процес во рамки на една високообразовна установа, ќе слушнеме и видиме иницијативност, континуирани заложби и изнаоѓање начини преку кои се унапредува работата на еден факултет и сиот труд вродува со успех кој е верификуван и од меѓународни инстанци.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, при посетата на Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„ФЕИТ станува институција која треба да биде пример за останатите високообразовни установи во државата. Јас на раководството и наставно – научниот кадар им посакав овој квалитет кој го имаат постигнато, не само да го одржуваат, туку да продолжат да го надградуваат и така да останат национален бренд кога е во прашање стручното академско образование, но и да станат препознатливи во пошироки размери, привлекувајќи го вниманието и интересот и на странски студенти“, рече Царовска, додавајќи дека секогаш има начини како да се унапреди наставно научната дејност.

„ Во последно време, државата ги препознава и излегува во пресрет на барањата на наставниот и научно – истражувачкиот кадар.  Ако буџетот за наука пред 3 години беше околу 250 милиони денари, годинава е речиси двојно поголем. Ќе потсетам дека, само во текот на минатиот месец, МОН преку два јавни повици додели средства за финансирање на научно – истражувачи проекти од посебен јавен интерес кои ќе ги реализираат седумте јавни научни институти во вредност од 19 милиони денари, како и 224 милиони денари кои им ги доделивме на високообразовните установи како поддршка за развој на лабораториските ресурси во 44 лаборатории. Со оваа мерка е опфатен токму и овој факултет, каде ќе се инвестира во подобрување на условите за работа на две лаборатории“, рече Царовска.

Едната е лабораторија за испитување на електромагнетни влијанија и ќе добие поддршка за формално признавање на компетентноста, а другата е лабораторија за контрола на храна со јонизирачко зрачење и добива поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи.

Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, е горд на постигнатите резултати на факултетот.

„Добиените акредитации на нашите студиски програми го потврдуваат високиот квалитет на образовниот процес на ФЕИТ. Извештајот од меѓународните експерти покажа дека структурата на студиските програми и резултатите кои се постигнуваат (знаење, вештини и компетенции на студентите), расположливите ресурси на ФЕИТ, релациите со општеството и механизмите за обезбедување квалитет се на ниво на европските високо-образовни институции. Со ова, нашите студиски програми и официјално се препознаени во европскиот образовен простор, што значи и поголеми можности за нашите студенти“ рече Ташковски.

Министерката потврди дека МОН ќе ја продолжи поддршката кон високото образование и науката во иднина, затоа што, како што рече, на сите нам ни е јасно колку значи вложувањето во развој на применета наука за да имаме општествот кое напредува и е конкурентно по наука, знаење и иновации на меѓународниот простор.

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...