spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваЦаровска: интеркултурализмот е основа на новата Концепција за основно образование, а водичот...

Царовска: интеркултурализмот е основа на новата Концепција за основно образование, а водичот за организирање заеднички часови е добра алатка за нејзино целосно ефектуирање

Заедничките часови се особено важни во креирањето услови за редовен и континуиран позитивен контакт меѓу учениците кои учат на различни јазици на настава. Не дека досега не се организирале. Но, јас сум посебно благодарна осумте средни училишта во Град Скопје кои ги спроведуваат овие заеднички часови како и 27 основни училишта од 9 општини во државата, кои беа мониторирани и токму од нивното искуство произлезе еден важен водич за организирање заеднички часови со кој се стандардизира моделот на ваков тип на настава, кој верувам дека ќе биде корисен за сите општини и училишта.

Ова го истака министерката за образование и наука Мила Царовска на вчерашната промоција на Упатството за организира на заеднички часови, публикација чија цел е унапредување на интегрираното образование во земјата.

„Ова упатство сведочи за квалитетната интер – институционална соработка помеѓу централната и локалната власт, како и сите релевантни образовни институции и партнерски организации. Се изработува за прв пат и верувам дека ќе даде голем придонес за поттикнувањето на интеракцијата, меѓусебната соработка и довербата меѓу учениците, наставниците и родителите од различните етнички заедници“, рече Царовска.

Министерката потенцираше дека Упатството е логичен чекор на неколку претходни активности врзани за јакнењето на мултикултурализмот и интеркултурализмот, кои како што рече, станаа важни цели и елементи на секоја креирана политика во рамки на образовниот систем.

Потсети дека усвоени се Стандарди за интеркултурно образование во основното образование, а кои се поврзани со Националните стандарди. Изработена е нова Концепција за основно образование, како и нови наставни програми и материјали за учење во основното образование кои етапно се воведуваат и тоа претставува една целина, преку која учениците се насочуваат да бидат толерантни, да ги почитуваат различностите, да не дискриминираат и да прават поделби по било каква, а најмалку по етничка основа.

„И затоа имаме и ќе имаме сé повеќе имаме дечиња од различни етнички заедници, кои учат едни за други, заедно прославуваат празници, одбележуваат обичаи, имаат заеднички наставни и воннаставни активности, одржуваат заеднички манифестации. Тука не застануваме, плановите се долгорочни. Новите задачи се поставени и работиме на нивно исполнување“, потенцираше Царовска, додавајќи дека во фаза на подготовка е нов Закон за средно образование, интеркултурни стандарди за средно образование и Концепција за средно гимназиско образование, кои исто така ќе се посветат на градење  интеркултурни компетенции кај младите.

Упатството за организирање заеднички часови е изработено од Комисијата за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието при Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука и Град Скопје, а во рамки на Проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Македонскиот центар за граѓанско образование и Детската фондација Песталоци.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...