Почнувајќи од месец jануари за првпат во Општина Битола започнува со работа канцеларија за средби на граѓаните со советниците. Секоја советничка група ќе има отворен ден во неделата за средби со граѓаните, советниците ќе бидат достапни да ги слушнат проблемите, идеите и потребите на граѓаните, кои исто така ќе можат да добијат и информации за работата на Советот на Општина Битола.
Канцеларијата е дел од просториите на салата на Советот на Општина Битола и истата ќе започне со работа веднаш после новогодишните и божиќните празници.
Канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден, а распоредот по советнички групи кои имаат претставници во Советот на Општина Битола е следен:
Понеделник- ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата
Вторник- СДСМ и Коалицијата
Среда- ПОИНАКУ
Четврток-ЛЕВИЦА
Петок- ЛДП и ДОМ/ДУИ
Извор: Општина Битола