spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Соопштение

Попов за „Топ тема“: Откако е назначена градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ гледаме само потврда за нејзината неспособност

Разбирлива е нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи критиките се издржани, во целиот овој период откако е назначена градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ ние гледаме само потврда за нејзината неспособност, истакна организацискиот секретар на СДСМ Мартин Попов, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој наведе дека во изминатиот период имаше конкретни разрешувања на директори на ЈП за што градоначалничката даваше ветувања дека истите, ако имаат резултати ќе имаат шанса да продолжат да работат понатаму.

Стопирани се капитални проекти за градот Скопје и сметаме дека тоа е личен хир и недоволно познавање на проблемите на граѓаните и сведоци сме на раскинување на веќе потпишани договори за клучни проекти за граѓаните, нагласи Попов.

На фалбите на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ дека во изминатиот период исчистила 90 депонии, Попов истакна дека би било фер граѓаните да ги слушнат локациите на кои се наоѓаат тие депонии и дали се тоа диви депонии или сметилишта кои несовесни граѓани ги креираат во одредени општини, за што не треба да има дадено ветување, бидејќи тоа е дел од работата на градоначалниците на општините и во градот Скопје.

Попов го повика ВМРО-ДПМНЕ да не манипулира со долгот на градот Скопје, наведувајќи дека тој изнесува 50 милиони евра, исто колку што беше во 2017 година, но разликата е во тоа што на сметката на градот сега има 12 милиони евра готовина, 2 милиони се на посебна сметка за реконструкција на школите, 2 милиони евра се средства за Универзална сала, 2 милиони беа обезбедени и за Хасан Приштина, но проектот е прекинат од неразбирливи причини на градоначалничката, 20 милиони се обезбедени за Момин поток како клучен проект за мобилноста на граѓаните.

Бегате од сите проблеми, чесно би било да кажете пред граѓаните дека ако не знаете како да ги решавате проблемите, да отстапите, дајте некои други луѓе што знаат тоа да го направат, да го направат, рече Попов, во врска со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за изградбата на клучката Момин поток и обвинувањата дека не е извршена експропријација на целокупното земјиште.

Тој изрази жалење поради раскинувањето на договорот за реализацијата на проектот БРТ, којшто како зелен, ефикасен и ефективен превоз, треба да го реши деценискиот проблем на градот Скопје со јавниот превоз.

Јавниот превоз е суштинска потреба на граѓаните со децении, а сега кога имаат зелен наградуван проект, од лични хирови избегнуваат да го реализираат и одат на набавка на нови автобуси, кои ќе сообраќаат по линии од пред 45 години, нагласи Попов, додавајќи дека веќе е видено како ВМРО-ДПМНЕ набавува автобуси, за кои не случајно се водат предмети.

Во врска со китењето на градот Попов наведе дека таквиот однос на градоначалничката кон Скопје и кон новогодишните празници се рефлектира и на други гранки кои стопанисуваат во градот

Сега немаме со што да привлечеме туристи за Нова година. Немаме што да понудиме, немаме програма. Првичното ветување беше до 10-ти декември дека ќе биде украсен градот, после се пролонгира до 15-ти и се уште не е целосно украсен. Не знам како и во чие име Арсовска одлучува да прими донација, кога надлежен за тоа, според закон е Советот на град Скопје, нагласи организацискиот секретар на СДСМ Мартин Попов, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...