spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Исчистени депониите кај Хемтекс и по насипот од реката Мала...

Кисела Вода: Исчистени депониите кај Хемтекс и по насипот од реката Мала Рада

Голема акција за чистење на диви депонии тече во општина Кисела Вода. Од саботата, во континуитет се работи на неколку од мапираните црни точки кои несовесните граѓани ги узурпирале со фрлање на градежен шут, покуќнина и друг цврст отпад.

 

Денес се заврши со чистењето на големата депонија по насипот од реката Мала Рада. Два дена се работеше со механизација и камионите повеќе пати заминуваа на отпадот во Дрисла. Во текот на денешниот ден, се исчисти и депонијата покрај Хемтекс. Огромни количини на отпад беа отстранети и од оваа локација, во непосредна близина на патот кој води од Пинтија кон Горно Лисиче.

 

-Интензивно ќе работиме на расчистување на дивите депонии и на нивно место ќе создаваме зелени површини, паркови кои ќе се користат за прошетки, за одмор и рекреација. Апелирам до сите кои досега се однесувале несовесно и исфрлале отпад на овие диви депонии да се откажат од ваквите намери. Кисела Вода мора да биде модерна, чиста и зелена општина и во таа мисија нема да има селективност и толеранција-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Чистењето на мапираните диви депонии продолжува и во наредните денови.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте