spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Кампања за контрола на бездомните кучиња во ООУ „Невена Георгиева...

Кисела Вода: Кампања за контрола на бездомните кучиња во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“

Стручно едукативно предавање се одржа вчера за учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, во рамки на регионалната кампања за контрола на бездомните кучиња во балканските земји под мотото „Биди негов херој“.

 

Во организација на Општина Кисела Вода, Агенцијата за храна и ветеринарство и училиштето, третоодделениците од страна на стручно лице, ветеринарот д-р Димче Велковски од Ветеринарен центар – Скопје, добија совети како правилно да се грижат за своите миленици, колку често треба  да ги носат на ветеринар, колкава е одговорноста да се чува еден домашен миленик и многу други интересни факти поврзани со животните.

По предавањето, учениците имаа можност директно да постават прашања и да добијат одговор од докторот, а им беа поделени и едукативни летоци, како и работна тетратка – водич „За да дознаеш како да станеш херој со Мики и Кате“, кои беа обезебедени од страна на Општината.

На настанот беа присутни претставници од Секторот за образование од Општина Кисела Вода.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...