Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на одржаната прес конференција информира за затекнатата финансиска состојба на општината и јавните претпријатија.
– Во насока на оправдување на довербата што охриѓани ми ја дадоа, имам обврска да ги информирам за состојбите на Општина Охрид и Јавните претпријатија. Вкупниот долг на Општина Охрид изнесува 856,831,830,00 денари. Во 2019 година , после финансиската помош од Владата на Република Македонија за раздолжување на Општина Охрид , долгот изнесувал 530,000,000.оо денари. Слична е состојбата и во Охридските јавни претпријатија. Тие вкупно должат 497,600,819.оо денари или околу 8 милиони евра. Комулативно долгот на општината и сите општински јавни претпријатија изнесува 1, 354,432,649.00 денари или околу 22 милиони евра– рече градоначалникот Пецаков.
Кај јавните претпријатија „лидер“ во задолжување е ЈП „Водовод“- Охрид со долг од 309,345,403.оо денари, од кои 244,989,712.оо денари е долг кон ЈП „Колектор“ од делбениот процес, а од основањето генериран долг од самото ЈП е 61,640,880.оо денари. Веднаш потоа е ЈП „Билјанини извори“ со долг од 78,198,322.00 денари. ЈП „Охридски комуналец“ должи 60,000,000.оо денари, ЈП „Нискоградба“ 46,657,094.оо денари, ЈП „Градски пазар“ должи 2, 400,000.оо денари, а ЈП „Градски гробишта“ 1,000,000.оо денари.
Извор: Општина Охрид