Странска филијала претставува домашно претпријатие контролирано од нерезидентна (странска) институционална единица. Статистиката на странските филијали ја покажува економската активност на резидентните претпријатија во земјата во кои странскиот капитал (од една или од повеќе земји) учествува во вкупниот капитал со над 50 %. Основна цел на овие податоци е да се прикаже учеството на овие претпријатија и нивното влијание во домашната економија.
Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји (78.9 %). Земјите членки на ЕУ контролираат 59.1 % од странските филијали во кои се ангажирани 70.8 % од вработените и учествуваат со 76.0% во додадената вредност.
Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија (15.7 %), Холандија (15.3 %), Обединетото Кралство (10.1 %), Германија (8.9 %) и Унгарија(5.9 %). Нивното учество во вкупната додадена вредност на домашната економија1) изнесува 19.2 %, што значи дека вкупната додадена вредност е во таа мера под контрола на претпријатијата со мнозински странски капитал.
Прочитајте и дознајте детално:
Извор: Државен завод за статистика