На 20.2021 година, во хотелот Александар Палас – Скопје, Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со Министерството за правда и со поддршка на Акцијата против економскиот криминал во Северна Македонија, како дел од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, одржа тркалезна маса на тема: „Стандардите за превентивни анти-корупциски тела, политики и практики, според Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата“.
На настанот учествуваа претставници на домашни институции и граѓански организации од областа на спречување на корупцијата, како и претставници на странски и меѓународни делегации и организации. Тркалезната маса се одвиваше во два панели, на кои беа презентирани обврските кои произлегуваат од член 5 и од член 6 на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, усогласеноста на законодавството и добри практики и предизвици во имплементација на стандардите за превентивни анти-корупциски тела и политики.