spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМП: Не е притисок врз судиите ако сум побарал на јавноста да...

МП: Не е притисок врз судиите ако сум побарал на јавноста да ѝ се објасни одлука

„Прво би сакал да објаснам дека ниту на каков било начин имам влијаено ниту ме интересира влијание врз одлуките на судот. Она што го направив пред неколку дена во јавната реакција е повик на судиите да си ги објаснат своите одлуки на јавноста“ рече министерот за правда, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Министерот за правда смета дека сосема е логично ако одговорноста за одлуките ја преземе независното судство и тоа независно судство да ги објасни одлуките на јавноста.

Маричиќ додаде дека многу честа е ситуацијата каде што и за добрите а особено за лошите одлуки или да речеме недоволно издржаните одлуки на судовите и обвинителството секогаш да биде виновна извршната власт.

 

„Единствен притисок кон судиите и Судскиот совет од моја страна е да ја вршат работата чесно, професионално и одговорно во рамките на законот. Доколку јас сум користел притисоци, тоа сигурно нема да го правам јавно преку Фејсбук статус. Јово Вангеловски и Михајло Маневски добро знаат што е притисок врз судството. Во тоа време немаше Фејсбук статуси, но затоа имаме меѓународни извештаи во кои се опишани механизмите со кои вршеле притисок“ кажа Маричиќ.

 

Линк до видеото: Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето гостување во „Утрински брифинг“

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...