Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во самбо (комбат, спорт и жени) за јуниори и сениори.
По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција, на која покрај директорот Наумче Мојсовски присуствуваше и дел од делегацијата која ќе патува за Кипар.
Нашата селекција ке учествува со 5 натпреварувачи:Во сениорска Конкуренција ке учествуват Бобан Данов во спорт самбо во категорија +98 кг. и Маја Бобан во категорија 72 кг. Тренер на екипата ќе биде Ердал Факиќ.
Во јуниорска Конкуренција ќе учествува Омар Факиќ во категорија +87 кг, Бернард Реџиќ во категорија 78 кг. и Алберт Реџиќ во категорија 72 кг. Тренер на екипата е Славчо Тодоров. Истот така ке се одржи и меѓународен семинар за судии на кој ќе учествува Славчо Тодоров кој ќе полага за меѓународен судија.
Извор: Агенција за млади и спорт