spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Репрезентативците во самбо на Европско во Кипар

АМС: Репрезентативците во самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во самбо (комбат, спорт и жени) за јуниори и сениори.

По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција, на која покрај директорот Наумче Мојсовски присуствуваше и дел од делегацијата која ќе патува за Кипар.

Нашата селекција ке учествува со 5 натпреварувачи:Во сениорска Конкуренција ке учествуват Бобан Данов во спорт самбо во категорија +98 кг. и Маја Бобан во категорија 72 кг. Тренер на екипата ќе биде Ердал Факиќ.

Во јуниорска Конкуренција ќе учествува Омар Факиќ во категорија +87 кг, Бернард Реџиќ во категорија 78 кг. и Алберт Реџиќ во категорија 72 кг. Тренер на екипата е Славчо Тодоров. Истот така ке се одржи и меѓународен семинар за судии на кој ќе учествува Славчо Тодоров кој ќе полага за меѓународен судија.

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...