spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаМИОА: Министерот Шаќири оствари работна средба со Генералните директори на КИБС АД...

МИОА: Министерот Шаќири оствари работна средба со Генералните директори на КИБС АД Скопје и на Nextsense

Особенo задоволство ни причинува што две реномирани домашни компании КИБС АД Скопје во партнерство со Nextsense АД Скопје кои се присутни на домашниот но и меѓународниот пазар со услуги за дигитализација, инвестираа во развој на следна генерација на дигитални алатки кои ќе овозможат значаен скок во можностите за дигитална трансформација на комерцијалните и државните јавни сервиси.

,,Денеска имав чест на работна средба да ги примам Генералниот Директор на КИБС АД Скопје г-н Горан Анастасовски Генералниот Директор на Nextsense г-н Васко Кроневски со нивниот тим кои работеа на развој на овие услуги.

Повод за оваа средба беше минатонеделното изготвено решение за уписот во регистарот на првата шема за електронска идентификација целосно развиена од домашни компании.

На оваа средба ја истакнавме важноста за домашните компании да инвестираат во развој на услуги кои не само што имплементираат најсовремени можности за дигитализација туку имаат и директно силно влијание и примена во процесите на дигитална трансформација во нашата држава.

На средбата се сложивме дека во блиска иднина ќе се изврши интегрирање на услугата за дигитална идентификација и квалификуван на порталот за електронски услуги и други државни системи.

Со оваа услуга му даваме на електронскиот потпис исто правно дејство како класичниот потпис и пристапуваме кон нашата цел да ја намалиме на 0 употребата на хартија во државната администрација, што е уште еден чекор кон дигитализација на администрацијата и услугите во Република Северна Македонија“, рече министерот Шаќири.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...