Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири за крај на годината имаше заедничка средба со вработените во МИОА.
На средбата, министерот Шаќири им се заблагодари за одличната меѓусебна соработка, несебичното залагање и взаемна трудољубивост, со цел исполнување на стратешките цели на Министерството.
Министерот Шаќири им посака успешна работа и во иднина, во насока на унапредување на информатичкото општество и работата на администрацијата.
Воедно, изрази отвореност за понатамошна професионална соработка, истакнувајќи дека секогаш е подготвен да помогне доколку е потребно.
Министерот упати честитки во пресрет на Новата 2022 Година, посакувајќи многу здравје, среќа, благосостојба и уште поголеми успеси на професионален и приватен план.
Нека е среќна и бериќетна Новата 2022 Година!
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација