„Оваа влада на Ковачевски е голема утка. Старо-нови имиња кои не покажаа никаков резултат. Формирана е влада за да продолжи заевизмот и да му се даде што подолг рок“, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека повторно во влада ќе биде Оливер Спасовски кој загуби на последните избори и во своето избирачко место, во своето маало во своето Куманово, човек со порази кој покажа дека не е способен да прави реформи.
„Овие луѓе не заслужуваат да ја водат владата, народот прати порака на последните локални избори дека е потребна нова влада. Затоа е потребно е да има избори и да има нов владин состав. Ако имаа добри резултати и ако мандатарот сакаше да прави нова влада ќе почнеше со нови луѓе, целосен ресет, но овие луѓе тоа не може да го направат“, рече Мисајловски.
Тој додаде дека имаме криза во економија, криза во енергетика и овие луѓе не може да се справат со тоа.
„Сега сфаќате зошто младите ја напуштаат државата, зошто народот сака да си оди и преку глава му е од политика, затоа што овие што се испокрадоа треба повторно да бидат во влада. Еве и во култура секоја година менуваат министер, но немаат ниту еден проект. Што видовме во транспортот, само сменија министер, дали направија нов автопат? Се закочија, не може да ги завршат проектите кои останаа од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме министер кој требаше да се бори против корупција, но јас го нарекувам за криминал, бидејќи Македонија е најкорумпоирана држава и тој сега е награден затоа што е близок до Заев“, рече Мисајловски.
„Ако ова е најквалитетното на СДСМ со не знам пратеничката што има исто така епохално достигнување во скафандер што дојде во Собрание, не знам Маричиќ со што ќе се пофали во ресорот правда и сите други. И наеднаш прават некоја сензација овие два – три месеци дека нешто е свежо, дека нешто е ново, но пак ќе кажам селотејп, залепено, прилепено тоа што го имале и жално е ако е оваа најквалитетното од СДСМ, ова е очајно“, нагласи Мисајловски.
Мисајловски додаде дека оваа Влада е очајност на СДСМ.
„На анкетите се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на избори наредниве месеци со повеќе од десетина пратеници, па и 15-тина пратеници и тоа говорат последниве анкети. А, тоа е навистина сериозна бројка за разликата што би ја имале ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ говорам за токму помеѓу овие две партии“, истакна Мисајловски.
Мисајловски додаде дека ако се гледа последната графа каде што е Христијан Мицкоски, Зоран Заев и другите лидери може да се воочи дека Христијан Мицкоски води дупло спрема останатите.
Мисајловски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против Владата на СДСМ, потребно е да се стави крај на невидениот криминал и корупција кој што го прават секојдневно.
Извор: ВМРО ДПМНЕ