spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПретседателот Христијан Мицкоски оствари средба со Советот на амбасадори

Претседателот Христијан Мицкоски оствари средба со Советот на амбасадори

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ г. Антонијо Милошоски остварија средба претставници на Советот на амбасадори.

На средбата Мицкоски ги објасни позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на надворешните предизвици со кои се соочува Македонија.

Беше потенцирана потребата од одблокирање на европските интеграции со зачувување на државните и национални интереси, особено во поглед на прашањето со Бугарија.

Воедно беше посочено дека потребна е усогласена и заедничка државна позиција во однос на преговорите за ова прашање која е изразена во црвените линии кои се дел од Резолуцијата усвоена во Собранието, а која беше предложена од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така беше истакната потребата од реформи и промени кои ќе обезбедат посигурна иднина.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...