Од 01.01.2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5000 денари и секое семејство кое ќе има прваче, да добие еднократна парична помош од општината во висина од 3000 денари.
На линковите подолу можете да ги симнете барањата за апликација on line а истите ќе можат да се потполнат и до едношалтерскиот систем на влезот во општина Гази Баба.
Барање за еднократна парична помош на семејство со новороденче, доколку еден родител или старател е со живеалиште на подрачјето на општина Гази Баба
Барање за еднократна парична помош на семејство со прваче во основно училиште на подрачјето на општина Гази Баба
Извор: Општина Гази Баба