spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЛукаревска партиски напредува заради долгот од 1220000 евра на фирмите на Заев?

Лукаревска партиски напредува заради долгот од 1220000 евра на фирмите на Заев?

Почитувани,

Не може да се напредува во СДСМ ако се нема дел или ако не се поддржува, затскрива криминал! Македонија се задолжува, долгот вртоглаво расте, Македонија е во рецесија, економијата е во слободен пад, наплатата на даноците е во лер, ама затоа СДСМ има решение – зголемени даноци за граѓаните!

Почитувани,

Сања Лукаревска е директор на управата за јавни приходи.

Сања Лукаревска знае дека семејни фирмите на Зоран и Вице Заеви должат данок.

Сања Лукаревска напредна во СДСМ.

Почитувани,

Ова е листата на фирмите – должници кон државата,  листа на ненаплатени даноци доспеани до септември лани, а ненаплатени до крајот на годината. Листа на должници на УЈП број 1/2021.

И наместо да служат за пример за другите, на ова е листа, на листата на неплаќачи на данок се и фирмите на Заеви. На 47-мото место на оваа листа е  „Дравас Инженеринг“ ДОО Струмица, со вкупно ненаплатен данок од 41 милион 325 илјади денари, а на 55-тото место е познатата „Сара инженеринг“ ДОО Струмица со 33 милиони 812 илјади ненаплатени денари.

Или вкупно над 75 милиони денари, за полесно, фирмите на Зоран и Вице Заеви должат еден милион 220 илјади евра данок кон државата.

Внимавајте, семејните фирми на премиерот, кој што ја задолжува државата, не плаќа данок и ги има на листата на должници кон УЈП со над еден милион и двесте илјади евра!

А,  директорката на УЈП е унапредена во партиската хиерархија на Зоран Заев!

Сања Лукаревска, станува десна рака на Заев во СДСМ!

Сања Лукаревска е унапредена во раководството кое што предлага зголемување на даноците кон граѓаните!

Внимавајте, Лукаревска од УЈП, каде Заеви должат за данок преку еден милион и 200 илјади евра, преку СДСМ најавува повисоки даноци за граѓаните!

Оттука главното прашање е дали Лукаревска партиски напредува заради долгот на заевите фирми кон државата од еден милион и 220 илјади евра?

Извор: ВМРО

Прочитајте