Екипите за одржување на хигиена на ЈКП „Илинден” и зимската служба на Општина Илинден од рано утрината се на терен и го расчистуваат наврнатиот снег на улиците, тротоарите и јавните површини во општината.
Во текот на раните утрински часови низ општинските улици фрлени се 30 тони сол и ризла, а особено внимание се посветува на критичните места, на надвозници, мостови, раскрсници како и осојни делови од улиците и патиштата на територија на општина Илинден.
Интервенирано е со 3 возила за расчистување на снег како и поголем број работници кои рачно ги расчистуваат тротоарите, велосипедските и пешачките патеки како и останатите јавни површини.
Општина Илинден им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до – 7 степени Целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот.
Извор: Општина Илинден