spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингИдните финтек професионалци ќе ја предводат револуцијата во финтек

Идните финтек професионалци ќе ја предводат револуцијата во финтек

Финансиите владеат со светот, а наскоро технологијата ќе владее со финансиите – стои во еден натпис од 2018 на престижниот магазин Quartz. Денес, може да заклучиме дека технологијата навистина владее со финансиите, а ако не сте свесни како го прави тоа, веќе заостанувате.

Сведоци сме дека финансиската индустрија драматично се менува со преземањето на новите технолошки иновации. Светот на финансиите повеќе нема да биде банки или инвестициски компании кои работат со табеларни пресметки и лично советување. Клиентите сè повеќе ќе бараат пристап до пари од каде било преку својот телефон, автоматизација и вештачка интелигенција, како и еволуција на нови брзо прилагодливи модели за кредитирање.

Студентите по финансии сега мора да бидат и студенти по технологија

Брзиот раст на финтек индустријата не е розов бидејќи со себе носи и извесни предизвици. 70% од извршните директори на финтек компании ширум светот се загрижени за брзината на промена на технологијата во финансискиот сектор. Најголемиот проблем, според нив, е недостигот на таленти со соодветни вештини за интегрирање на новата технологија. Ова е веќе голем проблем во светот на финансиите и ќе стане уште поголем проблем со зголемувањето на присуството на финтек.

За да се реши овој глобален недостиг на таленти во рамките на финансиите, потребно е да започнеме да ја градиме идната генерација на финтек професионалци. За да се успее во ова, финтек компаниите треба да развијат партнерство со финансиските институции и заеднички да им овозможат на студентите да ги развијат вештините од иднината кои финтек индустријата ги бара.

ИутеКредит Македонија, како општествено одговорна компанија која ги следи глобалните финтек трендови и постојано инвестира во човечки капитал, го прави токму тоа преку доделување на целосни додипломски и постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје и заеднички придонесува во градењето на идните финтек професионалци во Македонија.

 

 

 

 

 

Извор:  ИутеКредит Македонија 

Прочитајте