spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Со ООН продолжуваат со заедничката соработка на социјалните политики, родовата еднаквост...

МТСП: Со ООН продолжуваат со заедничката соработка на социјалните политики, родовата еднаквост и заштита на децата

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска вчера се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак со која разговараа за тековните проекти во кои Министерството за труд и социјална политика соработуваат со агенциите на ООН, како и за идната соработка во насока на креирање и имплементирање на уште подобри социјални политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните и поголема заштита на човековите права.

Министерката Тренчевска, информираше дека изминативе денови се одржаа состаноци со сите сектори во министерството при што беше направен пресек на сите досегашни активности, воедно и досегашната соработка и заеднички активности со агенциите на ООН.

„Министерството за труд и социјална политика има одлична соработка со сите агенции на ООН на повеќе прашања кои се во надлежност на министерството. Особено е значајна соработката  во подготовката на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и  креирањето и развивањето на мобилната апликација за поддршка на жртвите на родово базирано насилство каде во координирана работа работеа двата сектори еднакви можности и социјална заштита со УНДП, УНФПА. Соработката во креирањето на политиките во областа на  родовата еднаквост продолжува и понатаму,“ рече министерката Тренчевска.

 

Во насока на идните заеднички активности министерката Тренчевска го посочи отворањето на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, кој е прв таков во регионот, со можност да прерасне во регионален центар. Центарот треба да обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање.

На средбата стана збор и за процесот на деинституционализација и правата на лицата со попреченост, при што беше истакнат одличниот напредок на нашата држава во ова поле. Во поглед на заштитата и правата на децата беше посочена соработката со УНИЦЕФ, која продолжува и понатаму.

 

Тренчевска изрази благодарност за досегашната помош и поддршка изминатите години, а особено во време на Ковид 19,која што претставува голем предизвик не само во поглед на здравството и економијата туку и предизвик во поглед на човековите права и нивната заштита.

Двете страни изразија задоволство за можноста за понатамошна продлабочена соработка со агенциите на ООН во областите кои се во надлежност на ова министерство.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте